Connect with us

Фудбал

Господски потег: Баерн ги почести браќата Ковач со нови автомобили

Хрватскиот експерт Нико Ковач беше избран за нов тренер во Баерн пред неколку месеци, кој пристигна по неколку сезони во Франкфурт.

Ковач заедно со неговиот брат Роберт некогаш го носеа дресот на баварскиот клуб, а сега тој дует повторно се врати во Баерн. Познато е дека првиот асистент на Нико е неговиот брат Роберт, а многумина веруваат дека ова дуо ќе направи добра работа во Баерн.

Денес, Минхенскиот клуб објави дека одлучиле да му оддадат почит на Нико и Роберт со нови автомобили. Спонзорот на Баерн е Ауди, а на хрватските тренери им се обезбедени возилата од овој спонзор. Нико одлучи да го избере Audi SQ7, додека неговиот брат го избра Audi RS6.