Connect with us

Фудбал

Готово е: Халанд ги разочара фановите на Јувентус, Јунајтед, а ги израдува оние на Борусија Дортмунд

Ерлинг Халанд ја одбра Борусија Дортмунд. Иако го посакуваше половина Европа, сепак тој на крајот се одлучи да го облеќе дресот на „Милионерите“. Трансферот го потврди самиот клуб, а договорот е постигнат до 2024 година.

За неговите услуги беа заинтересирани Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Халанд, доаѓа од австриски Салцбург кој експлодираше во досегашниот тек од сезоната. Тој е втор стрелец во групната фаза од Лигата на шампионите.

Според информациите, Борусија Дортмунд ќе плати 20 милиони евра за 19-годишниот напаѓач.