Фудбал
Готово е, Реал Мадрид го задржува својот 35-годишен фудбалер уште една сезона
Реал Мадрид се согласи да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Лука Модриќ, објави „Марка“.
Според шпанскиот весник, 35-годишниот Хрват ќе потпише договор со „кралскиот клуб“ со важност до крајот на јуни 2022 година.
Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на сезоната 2020/21.
Модриќ игра во Реал Мадрид од 2012 година. Во сезоната 2020/21, Хрватот одигра 20 натпревари за тимот, постигна три гола и една асистенција.