Connect with us

Фудбал

Гоце Седлоски не е повеќе тренер на Шкупи, поднесе оставка

Гоце Седлоски поднел оставка на позицијата шеф на стручниот штаб на ФК Шкупи. Клубот ја потврди разделбата.

-Нашиот тим соопштува дека ја прифатил оставката на селекторот Гоце Седлоски. Нашиот клуб му се заблагодарува за придонесот што после 21 година успеавме да бидеме прогласени за шампион, и му посакуваме многу среќа во следните предизвици, велат од клубот.

Седлоски како тренер со Шкупи ја освои титулата во македонското првенсгво, но имаше лош учинок во Европа. Почна во квалификации во ЛШ, по елиминацијата продолжи во Лига Европа, но ниту таму не издржа долго. Натпреварите во Европа ги заврши со елиминација од косовскиог Балкани во плеј офот за пласман во групна фаза во Конференциската лига на УЕФА.