Фудбал
Гранит Џака на „удар“: Вака повеќе не може!
Дури 70 отсто од читателите на влијателниот швајцарски „Блик“ сметаат дека Гранит Џака треба да се повлече од позицијата капитен на националниот тим.
Гласаа речиси 30.000 читатели, а 70 отсто од нив главно во преден план го ставија однесувањето на Џака, што не доликува на капитен.
Пред се, се издвојува фажањето за меѓуножјето против Србија во Катар.
Исто така, голем број од оние кои сакаат да го „заменат“ зборуваат за годините на Џака и оваа ситуација ја споредуваат со моменталната во Португалија, која игра подобро без Кристијано Роналдо.
Има и такви кои го бранат Џака, а бараат од другите да го остават на мира, потсетувајќи дека Швајцарија сигна до нокаут фазата на последните пет големи турнири.
Со оваа тема се занимаваше и еден од најпознатите новинари таму, Саша Руфер.
„Капитенот не смее да си дозволи ситуации како оние со фаќање меѓу меѓуножјето. Тоа не е можно. Мора да има јавна дискусија за улогата на Џака. Тој не може да продолжи вака“, рече Руфер.
Швајцарија го заврши Светското првенство во осминафиналето со пораз од Португалија (6:1).