Connect with us

Фудбал

Грчки лекар: Михалис немал други повреди освен модринки, но бил облеан во крв

Истрагата за насилството на навивачите во кое со нож беше убиен 29-годишниот Михалис, навивач на АЕК, продолжува. Повеќето од хулиганите кои учествуваа во тепачката се во затвор и се очекува денеска или најдоцна за неколку дена да се појават пред судијата и да дознаат дали ќе бидат ставени во истражен затвор.

Во грчките медиуми се појавија нови шокантни сведоштва, а се огласија лекарот кој се обиде да го реанимира Михалис Кацурис и братот на убиениот млад човек.

„Околу 23:45 часот во приватна амбуланта кола примивме машко лице. Ова лице немаше пулс, не дишеше и имаше проширени зеници. Мажот веднаш беше примен на итна медицинска помош, каде продолживме со реанимација еден час, но не успеавме да го вратиме во живот. Однадвор немаше видливи повреди, освен бројни модринки на левата страна од телото, но по целото тело беше крвав“, изјави шокираниот лекар во чии раце почина младиот човек, а еве што изјави братот на починатиот Кацурис рече:

„Во четири часот наутро ми се јави братучед ми и рече дека брат ми Михалис е тешко повреден, а не 0знае како се случило тоа. По неколку минути повторно ми се јави и рече дека за жал починал. Бев надвор од Атина, па дојдов во болница во 8 часот наутро.“