Фудбал
Гризман: Ако Бекам ме повика, доаѓам
Францускиот фудбалер Антоин Гризман изјави дека кариерата сака да ја заврши во САД.
Со одличните настапи во шпанското првенство, Гриризман прерасна во еден од најдобрите напаѓачи. За неговите услуги се заинтересирани бројни клубови, а додека може да бира, се надева дека еден ден ќе игра во МЛС.
Поточно во новоформираниот Интер Мајами кој го основал легендарниот Дејвид Бекам.
„Ако Бекам ме сака во својот клуб, таму и ќе отидам. Сакам кариерата да ја ја завршам во САД. Дали тоа ќе биде Мајами или Лос Анџелес, ќе видиме. Воглавно ми се допаѓа менталитетот и културата во САД“, кажа Гризман.
Една од причините поради која сака во иднина да се пресели во САД е неговата сестра која таму живее веќе долго време.