Connect with us

Фудбал

Гризман и односот со Меси: Истото ми се случи и со Мбапе

Антоан Гризман зборуваше за својата иднина по натпреварот одигран во вторникот навечер против Хрватска.

Французинот ја отфрли можноста за збогување од Барселона:

„Не знам зошто ги измислуваат овие гласини, можеби за да видам дали еден ден ќе бидат во право. Но, јас се чувствувам многу добар во Барселона, знам дека имам доверба од клубот и тренерот. Сезоната беше комплицирана за сите, а сега треба да ја започнеме новата“, истакна Гризман

Во врска за неговиот однос со Меси, Гризман рече:

loading...

„Исто е како со Мбапе, на почетокот тешко ми беше да го најдам на теренот. Ми требаше некое време. Слично беше и со Меси. Очекувам да се приклучам на тимот и да се забавувам“, изјави Гризман за РТЛ.

„Сакам лично да го запознаам новиот тренер, иако порано разговарав со него на телефон, но не е исто. Со нетрпение очекувам да се сретнам со моите соиграчи и ќе сторам се што е можно за да освојам трофеи“, додаде Гризман

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com