Connect with us

Фудбал

Грците за прв пат во историјата ја победија Англија, англискиот селектор вели: Вежбавме 20 минути без класичен напаѓач (ВИДЕО)

Грците за прв пат во историјата ги победија Англичаните благодарение на двата гола на Василис Павлидис, додека единствениот гол за Англија го постигна Џуд Белингам. Уште пред почетокот на натпреварот, англиската јавност беше скептична кога ја виде четата која на терен ја испрати тренерот Ли Карсли.

И додека се радуваа на заминувањето на Герет Саутгејт од клупата на Англија, не ни очекуваа дека неговиот наследник ќе го започне натпреварот без ниту еден напаѓач. Така, на теренот во офанзивниот дел на тимот беа Кол Палмер, Фил Фоден, Букајо Сака, Ентони Гордон и Белингем, а на клупата останаа класичните напаѓачи Оли Воткинс и Доминик Соланке. Карсли по средбата призна дека направил грешка и откри што сака да постигне со тимот без напаѓач.

„Ова е разочарувачки, разговарав за се со играчите. Денеска пробавме нешто ново и поинакво, сакавме да доминираме на средината на теренот. Вежбавме без класичен напаѓач претходниот ден 20 минути и разочаран сум што не успеа. Сега ни е важен следниот натпревар против Финска“, изјави Карсли, кој истакна дека и покрај разочарувањето од овој меч нема да се откаже од играта без класичен шпиц.