Фудбал
Гвардиола и Халанд ја налутија легендата на Јунајтед со своето однесување по дербито
Манчестер Сити го победи Јунајтед со 3:0 во градското дерби. Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постигна два гола во гостинската победа на „Олд Трафорд“.
По натпреварот, Халанд остана на теренот славејќи и разговарајќи со тренерот Пеп Гвардиола. Халанд му покажуваше на тренерот како со глава го постигна вториот гол на натпреварот, а овој гест ги налути навивачите на ривалскиот тим и Рој Кин, легендата на Манчестер Јунајтед.
„Таа комуникација по натпреварот беше шоу, сè за шоу. Можете да зборувате за тоа во соблекувалната. Не гледам проблем во тоа. Беше убав удар со глава на Халанд, но нема потреба да се зборува за тоа пет минути на теренот. Одете во тунелот, соблекувалната и прославете ја победата таму“, изјави Кин.