Connect with us

Фудбал

Гвардиола: “Конкуренцијата во Премиер лигата сезонава е многу силна“

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се осврна на резултатите во Англиското фудбалско првенство по седумте одиграни рунди.

Задоволен сум од прикажаното на мојот тим во досегашниот дел од шампионатот. Имаме шест победи од можни седум и еден нерешен резултат. Оваа сезона очекувам многу неизвесни натпревари на екипите кои претендираат за највисок пласман. Конкуренцијата навистина е силна. Тука е Јунајтед кој предводен од Мурињо има извонреден старт. Исто така гледаме дека тимот на Хари Кејн секогаш постигнува два или три гола. Челзи и Арсенал секогаш се тешки противници. Ќе биде многу тешко. Ќе гостуваме на Олд Трафорд, Вајт Харт Лејн, Емирати … Нема да биде лесно, рече Гвардиола.

Манчестер Сити по седум кола во Премиер лигата е на врвот на табелата со 19 бода колку што има и Манчестер Јунајтед. Следуваат Тотенхем со 14, Челзи и Арсенал со по 13.