Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Луѓето не сакаат Халанд да успее

Манчестер Сити победи со 3:1 кај Јанг Бојс во Берн во третото коло од Лигата на шампионите. Европскиот и англискиот шампион поведоа преку Мануел Аканџи во 48. минута, а четири минути подоцна израмни Мешак Елија. Натпреварот го реши Ерлинг Халанд, кој погоди од пенал во 67. за ново водство на Сити. Норвешкиот центарфор во 86. минута погоди за конечни 3:1.

Тоа беа први голови за Халанд во Лигата на шампионите оваа сезона, а вкупно 11-ти гол во 13-от настап сезонава во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак по натпреварот изјави:

„Луѓето очекуваат од него да постигнува четири гола на секој натпревар. Луѓето сакаат тој да не успее“.

„Жал ми е. Тој ќе дава голови цел живот, тој е неверојатна опасност. Важно е што создава шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер лигата, повеќе од луѓето кои добиваат многу комплименти“.

Манчестер Сити е лидер во групата од Лигата на шампионите и е на дофат до осминафиналето.