Connect with us

Фудбал

Гвардиола му помага на Сетиен во тактиката за „Ел Класико“?!

Кике Сетиен, тренер на Барселона, бил на трибините на мечот Реал Мадрид – Манчестер Сити, за да ја „сними“ играта на „кралскиот“ клуб. Во недела на програмата е „Ел Класико“, па тренерот на Барселона сакал да ги направи последните проценки.

Според дел од шпанските меидуми, поточно радиото „КаденаСер“, Сетиен по мечот заминал во хотелот каде што бил сместен Пеп Гвардиола кој му помогнал со неколку совети за претстојното „Ел Класико“.

„Граѓаните“ успеаја да направат пресврт против „лос бланкос“ во средата вечерта.

Во недела Барса гостува во Мадрид со предност од два бода во Ла Лига.