Connect with us

Фудбал

Гвардиола пронајде засилување во Аталанта

Иако во изминатиот период многу се пишуваше дека Гвардиола си оди, сепак самиот Шпанец на прес конференција демантираше дека заминува на крајот на сезоната.

Ништо не мора да значи, но последните информации велат дека би можел уште долго време да остане на „Етихад“.

Имено, Пеп почнал да гледа кон иднината, па покажал интерес за младиот напаѓач на Аталанта Роберто Пиколи.  Овој 18-годишен напаѓач во моменов е најдобар стрелец на младинската Лига на шампиони со шест погодоци на исто толку мечеви.