Connect with us

Фудбал

Гвардиола: Само вие сомневајтесе во нас. Ќе видиме што ќе се случи

Манчестер Сити вечерва му гостува на Евертон во рамките на 19. коло од Премиер лигата. Тимот на Пеп Гвардиола победи само на една од последните пет првенствени натпревари и моментално се наоѓа на петтото место, со осум бода помалку од лидерот Ливерпул. Сити има два натпревари помалку, но сепак е мета на критики од англиските медиуми.

Сити деновиве беше на Блискиот Исток каде го освои Светското клупско првенство, па оваа календарска година ја заврши со дури пет трофеи: Премиер лига, ФА Куп, Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Суперкуп на Европа. Гвардиола ги коментираше критиките во пресрет на натпреварот со Евертон.

„Фактот дека победивме е неверојатен. Но, таков е овој бизнис. Кога не победуваш, ти си нула. Колку и да сакаме да победиме, сите други сакаат уште повеќе да пропаднеме. Штом не победиш на еден натпревар, веднаш се сомневаат во тебе.

Но, тоа е убаво. Само вие сомневајтесе и ќе видиме како ќе заврши сето тоа. Играме многу блиску до нивото на кое играме сите овие сезони, но ако не победуваме, има криза, има катастрофа“, изјави Гвардиола.