Connect with us

Фудбал

Гвардиола се „тресе“, пристигнува „непристојна“ понуда од Реал Мадрид

„Скај“ објави дека Флорентино Перез е сериозен во намерата да го ангажира Рахим Стерлинг, кој е негова желба уште од времето кога играше за Ливерпул. Во летниот преоден рок ќе има нов обид за негов ангажман.

Првата понуда ќе биде 80 милиони евра и Герет Бејл. Но, доколку Пеп Гвардиола одбие, кој не е премногу заинтересиран за 30-годишниот Велшанец, Флорентино Перез е подготвен да потроши до 200 милиони евра само Стерлинг да го облече дресот на Реал Мадрид.

Колку од овие шпекулации ќе се остварат, останува да видиме.