Connect with us

Фудбал

Гвардиола се жалеше на судиите, па рече: Ова е Енфилд (ВИДЕО)

Незадоволство од судењето имаше тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола откако во дербито загубија со 1:0 на гостувањето кај Ливерпул.

-Судијата одлучи, отиде кај Клоп и мојот помошник тренер и рече: „Се игра, играј понатаму, нема да свиркам никакви фаули, но откако постигнавме гол, тие го поништија“. Ова е Енфилд, изјави Гвардиола.

Тој имаше и забелешки за навивачите на Ливерпул, вели се извлекол без повреди, а наводно бил и гаѓан со тврди предмети. Сепак, на една видео снимка се гледа дека тој се „расправал“ со нив со гестикулации со рацете.