Connect with us

Други спортови

Хабиб Нурмагомедов доаѓа од град каде што борењето е начин на живот

Откако во април Хабиб Нурмагомедов се закити со титулата првак во лесна категорија во УФЦ совладувајќи го Ал Јакуинта, Русинот во епската борба го совлада и Конор МекГрегор и така успеа да го одбрани овој наслов.

„Очи во очи едни со други, борачите вежбаат рушење во борењето, додека останатите тоа го гледаат потпрени на ѕид кој се распаѓа и покриен со избледена боја“ – тоа накратко е описот на состојбата во салата во која тренираше Кахаб Нурмагомедов.

Станува збор за спортска сала во Кајакент, мал град во рускиот регион Дагестан сместен во подножјето на планината Какваз. Салата во која тренираат тамошните деца е во катастрофална состојба, но тие деца не губат надеж дека еден ден можеби и тие ќе ја достигнат славата на сонародникот Нурмагомедов.

„Нашата школа за борење е отворена во 1996. година, а веќе по четири или пет години нашите борачи забележаа одлични резултати. После шест години момците почнаа да освојуваат различни одличја во Европа, а потоа станаа шампиони во светот во различни категории“, кажува Магомед Арангеријев, тренер во спортската школа Кајакент и тренер кој Нурмагомедов го воведе во светот на борвите.

Според зборовите на Арангеријев оваа сала на почетокот не имала ни жици, па борците беа приморани да тренираат на бетонска подлога. Денеска оваа сала се бори со друг проблем, недостаток на капацитет. Во школата тренираат 60 момчиња, а во градот живеат 11.000 луѓе.

„Овде борењето е спорт број еден, а не фудбалот или хокејот како што е случајот во остатокот од Русија. Повеќе не можеме да ги примие сите затоа што немаме место“, рече Арангеријев за „AFP“ седејќи во својата канцеларија, додека зад него стоеше полица преполна со трофеи и слики од локалните борачи кои достигнаа интернационален успех.

Без оглед на националната и верската припадност, различните етнички групи во овој регион тренираат борење и поради тоа Дагестан со причина е „плодна земја“ за овој спорт.

„Тоа е традиција долга 100 години. Нашите прадедовци се бореа и овде високо во планините имаше национално борење“, веа зборовите на Гаедар Гидаров, тренер во „Гамид Гамидов“ академија за борење во Махачкала.

Гаидаров не ги тренира само локалните момци, туку и останатите амбициозни борци од целиот свет, кој не се плашат да се преселат во Дагестан, регион кој граничи со Чеченија.

Еден од борачите кои тренира со Гаидаров е Италијанецот со кубански корења Фран Чамизо, која по само година дена стана шампион во својата категорија.

Исто така, Французинот Саифедин Алекма во Махачкала дојде откако во Франција не успеа да напредува.

„Овде ќе ги пронајдете најдобрите борачи на светот. Само во оваа просторија се наоѓаат 20 или 30 идни европски шампиони во јуниорска и сениорска категорија“ изјави Алекма.

„Борењето овде е дел од наследството. Дагестан е место во кое луѓето вистински во сакаат борењето, а во самиот град борачите имаат култен статус помеѓу населението на овој руски град. Мислам дека тоа е генетски. Нашите дедовци се бореа, ние се бориме, а сега нашите деца се борат“, кажа Гаедар Гаидаров.