Други спортови
Хабиб од победата профитираше на сите полиња
Хабиб Нурмагомедов се уште е топ тема во светските медиуми после победата над Конор МекГрегор со која го одбрани УФЦ појасот во лесна категорија.
Покрај тоа што Хабиб профитираше во финансиска смисла, победата добро му дојде и поради популарноста која експресно расте, а тоа може да се забележи на друштвените мрежи.
Така, Хабиб на Инстаграм од завршувањето на борбата доби повеќе од четири милиони фанови, што значи дека негова популарност на оваа мрежа двојно се зголеми.
Нурмагомедов сега на Инстаграм има 11.6 милиони следбеници, а последните десеттина објави доби преку милион лајкови
Хабиб легитимно стана еден од најпопуларните борачи на денешницава, но се уште е далеку од Конор МекГрегор кој има 28 милиони следбеници. Но, како што трган да му се приближува, еден ден би можел и да го премине Ирецот.