Connect with us

Други спортови

Хабиб останува без хонорар, а суспензијата ќе трае од четири до шест месеци

Хабиба Нурмагомедов ќе биде суспендиран, но ќе го задржи појасот.

Хабиб остана без својот хонорар и очекува суспензија, но за утеха му остана појасот откако во неделата го победи МекГрегор.

„Тие го задржаа хонорарот на Хабиб, а можно е да го задржат трајно. Мислам дека тоа би било погрешно, добро решение е да биде казнет со 250 илјади долари. Хабиб ќе ја задржи титулата, иако ќе биде суспендиран. Суспенцијата ќе трае четири до шест месеци, но титулата секако останува негова“, рече претседателот на УФЦ Ден Вајт за „TMZ sports“.

Спортската комисија во Невада му го замрзна хонорарот од два милиони долари. Суспензијата до пола година му следува затоа што ги нападна членовите на тимот на МекГрегор, кога после борбата ја прескокна оградата.

За разлика од Хабиб, МекГрегор ќе помине подобро, затоа што му останува хонорарот, но и вообичаената суспензија од 30 дена.