Други спортови
Хабиб повторно го предизвикува Мекгрегор: Ќе му ја покажам и салата затоа што не знае да се бори
Хабиб Нурмагомедов продолжува да биде во центарот на вниманието на светската јавност, овој пат одлучи да испрати повик до својот противник Конор Мекгрегор.
Хабиб пред неколку недели го порази Мекгрегор и застана во одбрана на појасот во лесна категорија на УФЦ, но ќе остане запаметен по скандал, бидејќи по завршувањето на натпреварот скокна од кафезот и започна борба со тренерот на ирскиот борец. Страстите малку смирија, а татко на Дагестанецот одлучи да го повика Мекгрегор да им биде гостин на турнирот кој ќе се одржи во декември.
Ова беше потврдено и од Хабиб, кој рече дека би сакал Мекгрегор да дојде во Дагестан и да биде негов гостин. Исто така, тој додаде дека ќе го пречека на најдобар можен начин, бидејќи тоа е свето за неговиот народ.
“Ние треба да ги пречекаме гостите најдобро што можеме, затоа што тоа за нас е свето и Дагестан е познат по тоа. Ако Конор дојде, сигурно ќе биде пречекан на најдобар можен начин. Нашите гости никогаш не се гладни, сити се и обучени. Можеби ќе му ја покажам и салата за борење, бидејќи очигледно е дека незнае да се бориме “, рече Хабиб.