Фудбал
Халанд го немаше никаде 15 минути, а потоа “бууум“ (ВИДЕО)
Норвешкиот напаѓач го постигна својот 14-ти гол сезонава на 10-от натпревар против Вулверхемптон, а денешниот гол е навистина одличен.
Халанд 15 минути го немаше никаде, но во првиот допир со топката успеа да постигне гол.
Голот на Халанд на следниот ЛИНК.
Норвежанецот ја прими топката на околу 40 метри од голот, ја повлече кон голот, а потоа со прецизен удар го совлада голманот на Волците за предност на Сити од 2:0.
Треба да се напомене дека Сити поведе со 1:0 против Вулверхемптон со голот на Џек Грилиш во првата минута.