Фудбал
ВИДЕО: Халанд го постигна првиот гол во дресот на репрезентацијата
Ерлинг Халанд е можеби најголемата фудбалска сензација минатата сезона.
Младиот Норвежанец прво ја полуде фудбалска Европа со игри и голови во дресот на Салцбург, а потоа се пресели во Борусија Дортмунд и продолжи во истиот, фантастичен ритам.
Халанд, кој ова лето наполни 20 години, минатата година дебитираше за А репрезентацијата на неговата Норвешка, а синоќа го постигна и својот деби гол во националниот дрес.
Норвешка беше поразена на домашен терен од Австрија во мечот од Лигата на нации, со резултат 1:2, но лично за Халанд, сигурно не беше лоша вечер затоа што го постигна првиот гол во сениорската фудбалска репрезентација.
⚽⚽ Haaland's first goal with Norway's 1st team! https://t.co/GP7Uc2EmIu
— Jeremy Magan (@lepresident2t) September 4, 2020
Имено, Халанд ги постави конечните 1:2 во 66. минута и барем го ублажи поразот од Норвежаните.
Треба да се истакне дека Халанд ги помина и апсолутно сите младински селекции на Норвешка.