Фудбал
Халанд може во Реал Мадрид, ама ако „Кралевите“ ја исполнат клаузулата од договорот
Норвешкиот напаѓач Ерилинг Халанд го воодушеви фудбалскиот свет со своите настапи во Манчестер Сити оваа сезона. Халанд игра во Манчестер Сити во навистина неверојатна форма бидејќи веќе постигна 20 гола на 13 натпревари, што доволно покажува за каков напаѓач станува збор.
Сити успеа да го доведе летово од Борусија Дортмунд за само 60 милиони евра бидејќи во договорот имаше клаузула дека може да оди за таа сума, но на сите им е јасно дека Норвежанецот вреди многу повеќе од тоа.
Со доаѓањето во Манчестер Сити, 22-годишниот играч си обезбеди слична клаузула, според која наводно може да замине во летото 2024 година.
Сепак, овој пат цената нема да биде толку ниска како ова лето, а Халанд ќе може да оди за две години само доколку некој клуб издвои дури 200 милиони евра за него.
Веќе се шпекулира дека Халанд најверојатно ќе заврши во Реал Мадрид, но јасно е дека и другите клубови ќе имаат можност да преговараат со него кога ќе се активира таа клаузула. Се разбира, под услов да можат да платат 200 милиони евра.
Челниците на Манчестер Сити се согласија на тоа бидејќи тоа беше главен услов на Халанд да дојде во клубот ова лето, но на „Етихад“ сепак најдоа начин да го спречат Халанд што повеќе да замине во редовите на лутиот ривал.
Атлетик утрово објави дека Манчестер Сити додал клаузула дека Халанд нема да може да се пресели во клуб од Англија во летото 2024 година и дека единствената опција е кариерата да ја продолжи надвор од оваа земја.
Сити не сака тој да има опција да замине во друг клуб од Премиершип, а Халанд се согласи на тоа бидејќи е очигледно дека неговата цел е да направи уште еден чекор напред, а опции се Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Јувентус и Баерн.
Сепак, враќањето во Германија тешко дека ќе се случи бидејќи таткото на Халанд претходно изјави дека неговиот син сака да се испроба во сите најсилни лиги во Европа.