Фудбал
Халанд: Не одам никаде, среќен сум во Дортмунд
Најдобриот млад играч во Европа во 2020 година во изборот на спортските новинари Ерлинг Халанд ги демантираше шпекулациите дека размислува да ги напушти редовите на Борусија Дортмунд.
Норвежанецот минатата сезона премина од Салцбург во бундеслигашот од Дортмунд, постигнувајќи 33 голови на 32 натпревари во дресот на Борусија.
Импресивните настапи го ставија 20-годишниот Норвежанец на радарот на повеќе европски гиганти, вклучувајќи ги Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.
Халанд, меѓутоа, во изјава за „Тутоспорт” беше недвосмислен околу неговата блиска иднина.
Дали сум блиску до Јувентус? Тоа го зборуваат другите, јас никогаш не сум го рекол тоа. Веќе една година сум во Борусија Дортмунд, добро ми е тука и јас сум среќен”, изјави Халанд.