Connect with us

Фудбал

Халанд спие со лепенка преку устата: „Треба да го пробате тоа“

Ерлинг Халанд (23) во подкастот на Логан Пол откри бизарна рутина пред спиење. Норвешкиот напаѓач си ја затвора устата со селотејп и носи специјални очила кои го блокираат синото светло три часа пред спиење.

„Спиењето е најважната работа на светот. За да спијам здраво, правам едноставни работи како носење очила што ја блокираат сината светлина и исклучување на сите уреди во собата. рече Халанд, додавајќи: „Треба да пробате затворање на устата со селотејп. Така спијам. Исто така, дома имам сауна, која се обидувам да ја користам секој ден“.

Халанд ја започна својата кариера во норвешките клубови Брин и Молде, по што потпиша за РБ Салцбург во 2019 година. Само една година подоцна, тој се пресели во Борусија Дортмунд, за која постигна 86 гола на 89 натпревари и намести 23.Манчестер Сити го донесе летото 2022. Од тогаш до сега има постигнато 55 гола на 58 натпревари . Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 180 милиони евра.