Други спортови
Халеп е нова тенисерка број 1 на ВТА листата
Романската тенисерка Симона Халеп со денешната победа во полуфиналето на турнирот во Пекинг над Јелена Остапенко од Летонија, успеа да се избори в понеделник да биде тенисерка број 1 на светот.
Халеп ја победи Остапенко со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови) и со тоа и се реваншираше на Остапенко за поразот во финалето на Ролан Гарос.
Таа во финалето на турнирот во Пекинг ќе игра против Каролине Гарсија од Франција, која со 2-0 во сетови (6:3 и 7:5) ја победи Петра Квитова.
На машкиот дел од турнирот заврши едно полуфинале во кое Рафаел Надал го совлада Григор Димитров со 2-1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:1). Негов ривал во мечот за пехарот ќе му биде победникот од дуелот меѓу Ник Кириос и Александер Зверев.