Connect with us

Други спортови

Халеп нов лидер на ранг листата за тенисерки

Романката Симона Халеп од денеска и официјално е најдобрата тенисерка на светот и 25. по ред која е на врвот од основањето на основањето на ВТА листата.

Халеп вчера го загуби финалето на турнирот во Пекинг, но самиот влез во завршницата и донесе поени доволни за искачување на првото место.

Таа ја истисна Гарбине Мугуруза на втоарата позиција, додека Каролина Плишкова е трета.

Поредок на првите 10 тенисерки на ВТА листата:
1. Симона Халеп (Романија) 6.175 поени
2. Гарбине Мугуруза (Шпанија) 6.135
3. Каролина Плишкова (Чешка) 5.605
4. Елина Свитолина (Украина) 5.465
5. Венус Вилијамс (САД) 4.642
6. Каролина Вознијацки (Данска) 4.640
7. Јелена Остапенко (Летонија) ​​4.510
8. Светлана Кузњецова (Русија) 4.005
9. Каролина Гарсија (Франција) 3.860
10. Јоана Конта (Велика Британија) 3.795.

Од македонските тенисерки Лина Ѓорчевска бележи пад од една позиција и сега е на 231. место, додека Магдалена Стоилоковска е на 1.056-та позиција.