Connect with us

Други спортови

Халеп против Плишкова во финалето на ВТА турнирот во Рим

Рим, 20 септември 2020 (МИА) – Првата и втората носителка, Романката Симона Халеп и чешката тенисерка Каролина Плишкова ќе играат во завршниот меч на ВТА турнирот во Рим.

Ова е епилогот по денешните полуфинални дуели во кои Халеп ја победи Гарбиње Мугуруза со 2-1 (по сетови 6:3, 4:6 и 6:4), додека Плишкова беше поуспешна од Маркета Вондрушова со 2-0 (6:2 и 6:4).

Турнирот во Рим се игра за награден фонд од два милиони долари.

Финалето е закажано за утре со почеток во 14:30 часот. зс/