Connect with us

Фудбал

Хамес: Во Катар не смеев да се туширам гол со соиграчите

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Хамес Родригез имаше краток период играјќи за катарскиот Ал-Рајан. Најблаго кажано, на колумбискиот фудбалер не му се допадна она што го виде и доживеа на Блискиот Исток. Во едно интервју тој раскажа што му оставило впечаток.

„Многу е тешко да се прилагодите на животот и културата во Катар. На пример, после натпреварот се истуширавме и обичај е сите да сме голи под туш. Но, во Катар ми рекоа дека не треба да бидам гол под туш. Јас бев исплашен. Имаше многу работи таму. Не смеев да јадам со левата рака, само со десната“, изјави Џејмс за бразилската ТВ Глобо.

Џејмс (32) во кариерата играше за многу големи клубови – Реал Мадрид, Баерн, Порто, Монако, Евертон, Олимпијакос, а моментално настапува за бразилски Сао Паоло. Тој беше најдобриот млад играч во светот и најдобар стрелец на Светското првенство 2014 година. По тој настап Реал го купи за 75 милиони евра.