Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Болидот и јас, почувствував синергија

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија, на петтата трка од годинашниот шампионат во Формула 1, а беше среќен и поради лични и тимски успех, бидејќи неговиот тимски колега Валтер Ботас заврши на второто место.

„Болидот и јас, почувствував синергија што не ја имав почувствувано во текот на годината. Сега ќе почнеме да притискаме, прво и второ место за тимот. Силата е во длабочината. Се чувствував посебно, се почувствував силен, стартував добро. Бев најблиску до сјајно возење“ вели Хамилтон.

Финецот Валтери Ботас исто така беше задоволен.

„Се разбира дека сакам да се борам за победа, но тимски ова беше една одлична трка. Имавме добар болид и тим стратешки одлично реагираше на околностите. Бевме совршени како тим оваа сезона, и моите победи ќе дојдат“, вели 28 – годишниот Ботас .

Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Монако на 27 мај.