Connect with us

Други спортови

Хамилтон: Прилично досадна трка

Луис Хамилтон заврши четврти на денешната трка за ГН на Белгија, во која го освои и бонусниот поен за најбрз круг.

По финалето, седумкратниот светски шампион коментираше за Sky Sports F1 дека за него трката била доста досадна бидејќи тој навистина немал брзина да се бори со болидите пред него. Тој исто така откри дека во текот на целиот викенд болидот на Мерцедес отскокнувал, а тимот сè уште не знае зошто се случило тоа.

„Тоа беше прилично досадна трка. Не се случи многу и не можев да се задржам на автомобилите пред мене. Се мачев на стартот, задниот дел ни е најголем проблем, цел викенд отскокнуваше како лани.

„На крајот можев да останам неколку секунди зад Чарлс (Леклер), но не можев да се доближам за да го нападнам. Добро беше што конечно имаме доволно водство пред болидот зад нас за да го извозиме најбрзиот круг. Последниот круг беше многу убав.

„Денес беше доста жешко, беше тешко да се задржи болидот на патеката.

„Не знаеме зошто скокавме, но тоа е многу загрижувачко за мене. Ќе ги разгледаме податоците за оваа недела и ќе се обидеме да ги направиме потребните корекции пред следната трка. Знам што сакам и само се молам да дојде денот кога ќе го добијам.