Connect with us

Други спортови

Хамилтот прв, Фетел на четвртата позиција

Луис Хамилтон  дојде до победа благодарение на грешките на останатите возачи. За Хамилтон ова 63. победа во неговата кариера.

Второто место му припадна на Кими Раиконен од Ферари, додека на третото место беше возачот на Форс Индија, Серхио Перез.

Веќе во првиот круг, безбедносното возило беше на патеката по судирот. Окон и Веиј ја заврши трката на почетокот, Раиконен продолжи да вози со оштетен болид не му тргна добро ни на Алонсо, но тој продолжи да вози. На четвртото место заврши Себастијан Фетел

Верстапен и Рикардо ги имаа своите мали удари цело време на трката, но се ескалираше на десетте круга пред крајот. Верстапен повторно беше пред својот тимски колега, ги затвори сите страни во обидот на Рикардо да го претекне кој на крајот се заби него, по трката заврши за двајцата возачи.

Валтери Ботас имаше одлична позиција на два круга пред крајот, но неговиот заден пневматик пукна, па тој мораше да ја заврши трката настрана од патеката. Во тој момент, Хамилтон беше на прво место, по што следеа Раиконен, Серхио Перез и Фетел.