Connect with us

Фудбал

Хаос на реконструкцијата на „Камп Ноу“, жестока тепачка на работници од Албанија и Романија (ВИДЕО)

Фудбалскиот храм на Барселона, „Камп Ноу“ е во реконструкција и за извесно време се очекува да биде пуштен во употреба. На реконструкцијата на стадионот работат голем број на работници, според некои медиуми ги има 2000 од различни земји. Па, така според шпанските медиуми се случил голем инцидент кога работници од Албанија и Романија жестоко се степале. Биле користени метални прачки и се она што им се нашло при рака, а имало и повредени. Според информациите сите кои учествувале во тепачката биле отпуштени од работа.