Фудбал
Хаос во Амстердам: Уапсени 120 навивачи на Јувентус (ВИДЕО)
Пред мечот меѓу Ајакс и Јувентус кој вечерва се игра во Амстердам, се случија серија инциденти во кои се инволвирани навивачи и на двата тима.
Информациите од Амстердам велат дека дури 120 навивачи на Јувентус се уапсени пред почетокот на мечот.
Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини ја потврди веста за уапсените навивачи.
„Фудбалот е прекрасен, спортот е прекрасен, но само со чисти раце и чисто лице, без создавање на немири“, меѓудругото изјави министерот.
Кај уапсените се пронајдени ножеви, палки, солзавци, нараквици за тепање…
Уапсени има и навивачи на Ајакас кои на неколку места низ Амстердам се пресметувале со полицијата која употребила солзавец и водени топови.
#AjaxJuve
Estintori della polizia contro i tifosi olandesi
➡ https://t.co/2V0i12hJKB#SkyUCL #SkySport #UCL #ChampionsLeague pic.twitter.com/H3QvcOUUJv— Sky Sport (@SkySport) April 10, 2019
Le immagini degli scontri ad #Amsterdam prima della partita Ajax-#Juventus. Salvini: “Arrestati 120 tifosi bianconeri” ➡️ https://t.co/6ZcR0aVXiG pic.twitter.com/x8f46rpn8n
— Sky tg24 (@SkyTG24) April 10, 2019