Connect with us

Фудбал

Хаос во ПСЖ. Капитенот му даде поддршка на Мбапе, веднаш беше ставен на продажба

Килијан Мбапе одби да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и францускиот шампион реши да го продаде. Во ПСЖ не сакаат нивниот одличен напаѓач на крајот од сезоната да стане слободен играч и да изгуби милиони од него, па ќе се трудат да заработат колку што можат. Капитенот на тимот Маркињос на прес-конференција изјави дека сака да продолжи да игра покрај Мбапе, што ги налути челниците на клубот. Тие реагираа одлучувајќи да го продадат.

Веста ја пренесува фудбалскиот портал „Goal“ и објаснува дека парискиот клуб одлучил да го продаде Маркињос бидејќи неговата реакција била протолкувана како недостиг на поддршка за клубот во моменталната ситуација. Маркињос е член на ПСЖ од 2013 година и има одиграно повеќе од 400 натпревари за клубот откако пристигна во трансфер од Рома.

Трансфермаркт го проценува стоперот на бразилската репрезентација кој има 29 години на 65 милиони евра, а е под договор до летото 2028 година.