Connect with us

Фудбал

Хаос во ПСЖ, Мбапе сака да си оди

Најдобриот млад фудбалер во светот, Килијан Мбапе го шокира ПСЖ со барањето да биде ставен на трансфер листата во летниот преоден рок.

Оваа информација, први ја пренесоа шпанските медиуми, а долго време се шпекулира дека Мбапе не е задоволен во ПСЖ. На Килијан Мбапе му пречи тоа што Бразилецот Нејмар е главна ѕвезда во екипата и за сите случувања во и околу екипата се бара негово мислење или негова потврда.

Неодамна Нејмар изјави дека „младите фудбалери само зборуваат, а ништо не слушаат“ и според извори блиски во клубот, изјавата на Бразилецот била наменета токму за Мбапе.

Освен тоа, младиот француски репрезентативец нема добри односи ниту со тренерот Томас Тухел бидејќи не му дозволи да се бори со Лионел меси за титулата за најдобар стрелец. Поради изјавите кои ги даваше во медиумите и каснењето на неколку состаноци на екипата, Килијан Мбапе беше суспендиран и не настапи на неколку натпревари со што ја загуби трката со Меси.
Доколку биде ставен на трансфер листата, Килијан Мбапе сигурно ќе заврши во Реал Мадрид чиј претседател најави дека е подготвен да плати дури 280 милиони евра за неговите услуги.

Извор: Слободен печат