Connect with us

Кошарка

Харден со неверојатни 54 поени го сруши Орландо

Втор меч сезонава Џејмс Харден постигнува над 50 поени во НБА лигата. Во победата на Хјустон против Орландо првиот поентер во лигата постигна неверојатни 54 поени, или вкупно на последните два меча 109. Плејмејкерот на втор меч во низа реализираше дури 10 тројки и го предводеше Хјустон до победа од 107-130 на гостувањето кај Орландо.

НБА резултати:

Мајами – ЛА Лејкерс 110-113
Орландо – Хјустон 107-130
Филаделфија – Њу Орлеанс 116-109
Атланта – Индијана 100-110
Чикаго – Шарлот 73-83
Мемфис – Милвоки 114-127
Јута – Голден Стејт 114-106
Минесота – Голден Стејт 117-124
Сакраменто – Њујорк 101-103