Connect with us

Фудбал

Хејкенс ќе биде новиот тренер на Баерн

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе го активира веќе четири години пензионираниот Јуп Хејкенс кој ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, објавија германските медиуми.

Сензационалната вест доаѓа по многуте шпекулации кој ќе биде наследникот на Карло Анчелоти на тренерското место кое остана празно по отпуштањето на Италијанецот. Се спомнуваа Томас Тухел, Луис Енрике, Луиј Ван Гал, но по се изгледа на клупата на Баварците ќе седне 72-годишниот Хејкенс.

Тој последен пат беше тренер во 2013 година кога со Баерн ја освои Лигата на шампионите.

Хејкенс покрај трофејот во ЛШ има три титули во Бундеслигата, еден Суперкуп, а еднаш Лигата на шампиони ја освои и со Реал Мадрид.

Се очекува неговата промоција на клупата на Баерн да биде по паузата за репрезентативните настапи.