Connect with us

Фудбал

Хејнкес го одби Баерн, Арсен Венгер како привремено решение?

Угледниот германски весник „Билд“ информираше дека раководството на Баерн Минхен добило негативен одговор од Јуп Хејнкес, што е втора „корпа“ за германскиот првак за само неколку дена откако ги одби тренерот на Ајакс Ерик тен Хаг.

„Билд“ воедно пишува дека поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер би можел да биде привремено решение за клупата на Баерн Минхен, односно да го води тимот до крајот на сезоната, а потоа да се бара долгорочно решение.