Connect with us

Фудбал

Хендикеп за Тотенхем, Кејн го пропушта дербито со Јунајтед

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн нема да биде во можност да настапи на претстојното дерби од Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.

Тотенхем денеска преку соопштение ја информира јавноста дека Кејн има повреда на бутниот мускул добиена на средбата со Ливерпул и поради тоа нема да игра со Јунајтед.

Се уште нема информација колку ќе трае рехабилитацијата на голгетерот на Тотенхем кој оваа сезона има постигнато осум голови.

Отсуството на Кејн значи и голема веројатност во почетниот состав на тимот од Лондон против Манчестер да биде новото засилување Фернандо Љоренте

Натпреварот Манчестер Јунајтед – Тотенхем е закажан за утре со почеток во 13 часот и 30 минути.