Connect with us

Кошарка

Химки ја продолжи победничката серија во Евролигата

Екипата на Химки ја постигна третата победа сезонава во Евролигата откако вечерва во првиот дуел од 3.коло ја совлада Црвена Звезда со 85:78.

По изедначеното прво полувреме кое „црвено-белите“ го добија со поен предност (44:43), Химки на почетокот на вториот дел направи серија од 17:4 за двоцифрено водство. Предноста руската екипа ја зачува до крајот на натпреварот.

Најефикасен на дуелот беше Џејмс Андерсон со 24 поени, а поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ постигна 6 поени.

Покрај Химки без пораз по двете први кола се уште екипите на Реал Мадрид, Макаби и Олимпијакос.

Во тек се натпреварите: Макаби – Олимпијакос, Реал Мадрид – Милано и Барселона – Жалгирис.

Утре се играат дуелите: ЦСКА Москва – Панатинаикос, Фенербахче – Анадолу Ефес, Басконија – Валенсија, Уникаха – Бамберг.