Connect with us

Кошарка

Хит сцена во НБА: Тренерот на Бостон истрча на теренот и се обиде да блокира играч на Феникс

Тренерот на Бостон, Џо Макула, беше вклучен за нијанса повеќе од очекуваното во натпреварот со Феникс, кој неговиот тим го доби со резултат 127:112!

Бостон имаше 18 поени предност на три минути до крајот на натпреварот кога Макула излезе на теренот и ја блокираше тројката на Ројс О’Нил.

Феникс повика тајм-аут, натпреварот беше прекинат, но О’Нил сакаше да го испроба ударот и да ја подготви раката за продолжение.И токму тоа му пречеше на тренерот на Бостон.

– Не сакав да се чувствува добро пред да замине на клупата. Тоа е правило на клупата. Момчио не пукај пред нас за да се вратат на своите и да имаат убаво чувство. Ако тоа го барав од играчите, тогаш мора и персоналот – го објасни својот потег Макула.

Advertisement