Connect with us

Фудбал

Хофенхајм на „Алијанц Арена“ му го нанесе првиот пораз на Баерн

Се чини дека фудбалерите на Баерн Минхен „летнаа“ по историската победа против Тотенхем во Лигата на шампионите од 7:2, но Хофенхајм ги „спушти“ на земја. Баварците попладнево го доживеаја првиот пораз во новата сезона од Бундеслигата откако загубија со 1:2. Адамјан е херојот на Хофенхајм кој постигна два гола, додека единствениот погодок за домашниот тим беше дело на Левандовски.

Фрајбург ја продолжува успешната приказна во Бундеслигата откако одигра 2:2 со Борусија Дортмунд. Два пати домаќините имаа негатива и два пати успеаја да израмнат и да избегнат пораз.

Бундеслига, 7.коло парови и резултати

Сабота:

Леверкузен – Лајпциг 1:1

Баерн – Хофенхајм 1:2

Фрајбург – Борусија Дортмунд 2:2

Падерборн – Мајнц 1:2

18:30 ч. Шалке – Келн

Недела:

Мехенгладбах – Аугсбург

Волфсбург – Унион Берлин

Ајнтрахт Франкфурт – Вердер Бремен

Петок:

Херта – Фортуна Дизелдорф 3:1