Connect with us

Фудбал

Хојлунд денеска пристигнува во Манчестер

Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд денеска пристигнува во Англија за да ги помине медицинските прегледи и да ја финализира својата преселба на Олд Трафорд. Според Дејвид Орнштајн, договорот е 75 милиони евра плус уште 10 милиони евра во бонуси (вкупно 72 милиони фунти). Договорот на 20-годишниот Данец ќе биде на 5+1 година.

Хојлунд ќе стане третото ново засилување на 20-кратниот англиски шампион ова лето. Пред него на Олд Трафорд беа донесени Мејсон Маунт и Андре Онана . Данецот е шестото најскапо засилување во историјата на Јунајтед зад Пол Погба , Ромелу Лукаку , Антони , Хари Мегваер и Џејден Санчо .

Аталанта веќе потпиша со напаѓачот Ел Билал Туре , кој треба да го замени Хојлунд на врвот на нападот во Бергамо.