Фудбал
Холанѓаните назначија привремена замена на позицијата селектор
Фудбалската репрезентација на Холандија остана без тренер.
По две години, Роналд Куман ја напушти оваа позиција и го презеде управувањето со Барселона, а Фудбалската асоцијација ќе добие компензација од еден милион евра од каталонскиот клуб.
Холанѓаните реагираа веднаш и најдоа замена за Куман. Во наредните два натпревари во Лигата на нации против Полска и Италија, екипата ќе ја предводи неговиот помошник Двајт Лодвјеџес.
Името на новиот селектор кој ќе ја предводи репрезентацијата во наредниот период, ќе се знае по средбата на челниците на Федерацијата на крајот на овој месец.
Најголемото име поврзано со клупата на Холандија е познатиот француски стручњак Арсен Венгер.
Лодвјеџес во тренерска кариера најмногу имаше асистентски улоги, а самостојно ги водеше Звол, Камбур, Хервенвен, а накратко и Гронинген, ПСВ и НЕЦ.