Connect with us

Фудбал

Холанѓаните се пласираа во четвртфиналето, па уживаа на јахта (ВИДЕО)

Холандскиот национален тим изнајми јахта изминатиот викенд во Катар откако се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство.

На 5 декември, холандската репрезентација изнајми јахта и имаше патување за време на паузата помеѓу натпреварите на Светското првенство 2022 година во Катар. Стручниот штаб и фудбалерите на националниот тим минаа заеднички одмор на палубата, каде играа карти, јадеа и учествуваа во водени активности.

На овој начин Холанѓаните го јакнат тимскиот дух во пресрет на четвртфиналето.

Во сабота, 3 декември, Холандија ги совлада САД (3:1) во осминафиналето на Мундијалот во Катар. Во натпреварот од четвртфиналето, селекцијата на Холандија ќе се сретне со Аргентина на 9 декември со почеток во 2о часот.