Connect with us

Фудбал

Хрватска го доживеа најтешкиот пораз во историјата

Хрватската фудбалска репрезентација не дебитира на најдобар начин во Лигата на нациите. Противникот на „Ватрените“ во Елче беше Шпанија предводена од Луис Енрике, која славеше со 6:0.

Светескиот вицешампион во овој натпревар настапиа со изменет состав, а тоа се осети на теренот, па прашањето за победник Шпанците го решиа практично во првото полувреме.

Хрватите значително подобро го започнаа натпреварот и во воведните минути пропуштиа неколку колосални шанси, па како и обично, следуваше казна. Во 24. минута, по одличното нафрлување на Карваљо, Саул со глава ја смести топката во голот за 1:0 водство на Шпанија.

Во 33. минута Шпанија ја зголеми предноста, овој пат преку Асенсио, а само две минути подоцна истиот играч повторно го матираше Калиниќ за 3:0 на полувреме.

Со одличната игра Шпанците продолжиа и во второто полувреме, па во 49. минута постигнаа уште еден гол, овој пат преку Родриго кој се најде пред Калиниќ и мирно погоди за 4:0.  До крајот на натпреварот Шпанија успеа да постигне уште два гола, а стрелци беа Рамос и Иско за конечните 6:0 во Елче.

За Хрватска ова беше најтешкиот пораз откако стана независна држава, а претходниот најтежок пораз му го нанесе Англија во 2009. година на Вембли (5:1) во квалификациите за Светското првенство во Јужна Африка.