Connect with us

Фудбал

Хрватски фудбалер мртов пијан си ја запечати кариерата: Со авомобил уништил цел маркет поради чоколадо (ФОТО)

Младиот фудбалер на Осијек и член на репрезентацијата на Хрватска до 21 година Петар Бочкај веројатно после вчерашната глупост си ја уништи кариерата.

Имено фудбалерот видно во алкохолизирана состојба во раните утрински часови влетал со автомобилот во продавница во склоп на бензинска пума. И ова не звучи толку глупаво, но почекајте да ја слушнете причината.

Не можел да почека вработените да извршат промена на смена за да си купи – чоколадо!

Раководството на Осијек повикало итен состанок на кој било одлучено Бочкај да биде исфрлен од клубот.

Клубот се огласи и со соопштение.

„После вчерашниот инцидент во кој во раните утрински часови под влијание на алкохол е предизвикана голема материјална штета и биле загрозени човечки животи одлучено е Петар Бочкај да биде исфрлен од нашиот тим. Клубот ќе превземе правни мерки со цел да ја надополни направената штета на угледот на клубот со неговите неодговорни и непрофесионални постапки“.

Како што споменавме сведоци на настанот тврдат дека сето тоа Бочкај го направил поради чоколадо. Иначе станува збор за еден од најдобрите играчи на Осијек кој е познат по активниот ноќен живот.

Извор: СПОРТСКИ

Колкава штета е нанесена на продавницата доволно зборуваат фотографиите под текстот.