Connect with us

Фудбал

Хрватски третолигаш продал 18-годишен фудбалер за 2 милиони евра!

Хрватскиот третолигаш Кустошија го продаде Баје Кулибали (18) на Шарлот од САД за два милиони евра плус бонуси и 20 отсто од следниот трансфер. Дефанзивниот играч за врска на клубот од Трета лига Хрватска  и У-19 репрезентативец на Мали кариерата ќе ја продолжи во Соединетите Американски Држави, односно МЛС. Шпанскиот „Defensa Central“ кој ги следи вестите поврзани со Реал Мадрид, во октомври напиша дека Реал сака да го доведе Кулибали, додека најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо десет дена подоцна тврдеше дека Атлетико Мадрид веќе испратил понуда за Малиецот. Шарлот беше поуспешен од мадридските гиганти, а Кулибали заминува во САД.